17/04/2024
Охрид

Конкурс за прибирање на барања за користење на средства од буџетот на Општина Охрид

Општина Охрид согласно Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на ЈП ,,Билјанини извори”- Охрид бр. 07-785/20 донесена од страна на Советот на Општина Охрид, на седницата одржана на ден 29.10.2014 година и Одлуката за дополнување на Oдлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти бр.07-4189/41 од 30.12.2014 година,  објавува конкурс за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Охрид преку субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на ЈП ,,Билјанини извори”- Охрид.

Субвенционирањето на трошоците за користење на спортските терени на ЈП„Билјанини Извори“ – Охрид се однесува за периодот од 01.01.2021 заклучно со 31.12.2021 година.

КОНКУРС ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ПРЕКУ СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ НА ЈП ,,БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ” – ОХРИД (word doc.)