27/04/2024
Дебрца

Кривична пријава против лице од Лешани поради неовластено сечење огревно дрво, жигосување и фалсификување на испратница

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.М.(41) од селото Лешани, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“, „фалсификување знаци за обележување на стоки, мери и тегови“ и „фалсификување службена исправа“.

Тој, на 10.08.2023 на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Климештани, бил затекнат како со товарно моторно возило врши транспорт на огревни дрва кои претходно неовластено ги пресекол, по што извршил нелегално жигосување на дрвната маса и фалсификување на испратница за дрвата и ја прикажал како уредно издаден документ од ЈП „Национални шуми“.


WebOhrid / 04.10.2023 / СВР Охрид / фото: Архива