27/04/2024
Охрид

Се одржа триесет и третата седница на Советот на општина Охрид

Со педесет и една точка на дневниот ред, во која доминираа одлуките за вклопување на бесправно изградените објекти, денес се одржа триесет и третата седница на Советот на Општина Охрид.

Најмногу внимание и дискусија советниците посветија на точките кои се однесуваа на работата на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ и на одлуките за утврдување на тарифа за водната услуга снабдување со вода за пиење (водоснабдување) на ЈП Водовод Охрид за регулиран период 2024 – 2026 година и тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид за регулиран период 2024 – 2026 година

Во продолжението на седницата без поголеми дискусии, советниците ги усвоија одлуките од урбанистичката сфера.


WebOhrid / 04.10.2023 / Општина Охрид