Кривична пријава за охриѓанец поради нарушување на јавниот ред и мир

Рано утрово, во 03 часот и 20 минути, на улицата „Илинденска“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со карање и викање од страна на А.Ф.(25) од Охрид.

Тој, најнапред упатил жестоки вербални навреди и закани кон Н.Л. од Охрид по што и физички го нападнал. Истиот е приведен во полициската станица каде е извршено алкотестирање и констатирани се 2,6 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против А.Ф. ќе поднесе соодветна пријава.