Културен фестивал „Децата на Бугарија пеат и играат во Охрид“

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески синоќа присуствуваше на отворањето на културниот детски фестивал „Децата на Бугарија пеат и играат во Охрид“ што се одржа во НУЦК „Григор Прличев“. Целта на настанот е да се зајакнат пријателските односи и соработката во областа на културата меѓу  Република Северна Македонија и Бугарија.

Организатор на фестивалот  што завршува во четврток е Здружението за култура и уметност АРТ ВИВЕНДИ од Охрид и бугарската  Фондација Жар-С, а поддржан од Амбасадата на Р. Бугарија.