„Летопис на духовната пчела“: Обимен труд на Кире Цирески-Кико за македонскиот опстој
Со благослов, во однос на самиот чин и содржината, од страна на неговото високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски, Плаошко-струшки и администратор на Австралиско-сиднејската митрополија, г. Тимотеј, познатиот активист, иселеник во Австралија и долгогодешен секретар на Управниот одбор при Македонската православна црковна општина Св Петка, во Сиднеј, Кире Циревски – Кико го објави обемниот труд, насловен: „Летопис на духовната пчела“.
Во над 500 страници, во тврд повез, низ текст, фотографии и фотокопии од оригинални докиументи, презентиран е организираниот живот на македонската иселеничка заедница на австралискиот потконинтет, од првите доселувања до денешната, четврта генерација.
Авторот, ставил акцент на црковното организирање, како начин и средство за отфрлање на странските пропаганди во обидите за однародување на Македонците, потоа на формите на културно-образовно, спортско и сеопшто издигнување и зачувување на македонската самосвест.
Книгата ги обработува возвишените моменти, како што е формирањето на Македонските црковни општини, посебно „Св.Петка“, како главна артерија на македонскиот опстој и крвоток на живото македонско ткивo, изградбата на цркви и манастири, културни домови, прифатилишта за старои и изнемоштени лица, спортски клиубови и слично.
Посебно, Културно образовниот центар „Илинден“, како фундамент на македонското опстојување, со КУД „Илинден“, истоимен шаховски, како и фудбалски клуб, Пензионерското друштво „Св Ѓорѓи“, Женското пензионерско друштво „Добро утро“, Семинарот по македонистика, бројни изложби, прослави на историски датуми во старата татковина, кампањи при официјални пописи во Австралија и слично.
Но, исто така, со текст и факсоимили, даден е преглед на случувањата од последните две децении, со судските спорови кои, во Австралија ги водеше владиката Петар, против претставниците на црковните општини, граѓани и донатори, а што доведе до тешки последици и делби на македонското етничко и верско ткиво на потконтинентот.
За тоа се потрошени десетици милиони австралиски долари, од страна на владиката се продадени бројни објекти, а само нашите иселеници, како што наведува авторот, тој “луксуз” на владиката ги чинел близу два милиони долари.
Уште повеќе, дојде до раскол во Австралиско-новозеландската епархија и поделбата на две епархии, со двајца владици.
За иселениците, како и за авторот, тоа е “мрачниот период на духовната пчела”.
Даден е преглед на децениските спротивставувања, низ митинзи протести и делувања во австралискиот и локалните парламенти против пропагандите на соседните држави на татковината.
Авторот ги обработува и врските, односно придонесот на нашинците во Авсгтралија, во афирмацијата на старата татковина, во нејзините клучни моменти, како што се осамостојувањето и референдумот за независност, за што е организирано масовно гласање меѓу Македонците таму.
Исто така, разните хуманитарни акции за помош на семејствата на настраданите припадници на безбедносните сили во Македонија, во 2001 година, донации за Црвениот крст и слично.
„Културното и духовното жиовеење на Македонците во дијаспората претставува обемна материја, која, ниту малку не е начната, а низ која се проткајуваат многу суштински прашања за евидентирање на вистината за МПЦ, за македонскиот народ во минатото и денес во борбата за самоодржување и самодокажување на својот идентитет, манифестирајќи ја својата култура, наследство, јазик и литература. Со своите разни секции и активности МПЦО „Св.Петка“, беше и е своевидна македонска амбасада, религиоезен, култорно – информативен центар, со еден збор – бастион на овие австралиски пртостори и затоа е толку голем гневот кога ќе се посегне по нејзиниот опстој.“ – пишува, меѓу другото, отец Љупчо Двојаковски во предговорот.
WebOhrid / 12.08.2023 / Веле Митаноски