26/04/2024
Охрид

Левица ќе гласа против легализација на бесправно изградените објекти

„Денес 09.02.2022 година се одржа седница на Комисија за урбанизам со 33 точки на дневен ред. Предлог одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти.

Од страна на нашата советничка беше предочено дека пет точки на дневниот  ред  се спорни, од кои четири во КО Охрид и една во КО Трпејца.

Бидејќи на седницата на комисијата немаше графички приказ на наведените спорни точки, нашата советничка гласаше против истите и на Седницата на совет, закажана за утре (четврток 10.02.2022 година) ќе побара да бидат повлечени од дневен ред.

Доколку спорните точки за легализација на бесправно изградени објекти не бидат повлечени од дневен ред, нашата советничка ќе гласа против.“ – информираат од Левица ЛО Охрид.


WebOhrid / 09.02.2022 / Левица ЛО Охрид