Левица: Не може кукавички да се бега од одговорност кога станува збор за УНЕСКО!

Партијата Левица ЛО Охрид испрати соопштение до медиумите, во кое стои:

„ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на Охрид Константин Георгиевски во своето интервју потенцира дека НЕ ЧУВСТВУВА ОДГОВОРНОСТ за можноста Охрид да се најде на ЦРНАТА ЛИСТА на загрозени подрачја на УНЕСКО!

Функцијата градоначалник носи не само привилегии и права туку законски и статутарни обврски и должности!

Го потсетуваме дека функцијата која ја извршува е определена со законот за локална самоуправа, како орган на општината. Во истиот закон предвидени се надлежности на градоначалникот како татко на градот. Не може КУКАВИЧКИ да се бега од одговорностите кои ја носат функцијата и да се префрла вината на некои претходници. Кога веќе сте се нафрлиле на вршење на таа функција тогаш извршувајте ја етички, морално и законито.

Пред некој месец се појавија гласини дека градоначалникот лично не смее да посегне кон рушење на дивоградбите бидејки ќе биде убиен. Ако сте неспособен да се справите со одговорностите кои ви стојат на грб тогаш има институт кој се вика ,,ОСТАВКА”, искористете ја и тргнете се од таа функција, отстапете место на некој кој посветено и без страв ќе работи.

Со ваквите ваши изјави и постапки потсетувате дека можеби работите само за задоволување на интересите на олигарсите?! Впрочем сето она што во вашиот мандат го направивте за граѓаните се две асфалтирани улици.

На крај ве потсетуваме дека локалната самоуправа е предвидена во Уставот на Република Македонија како темелна вредност. Тоа значи дека НЕПРОФЕСИОНАЛНО и НЕЗАКОНИТО извршување на функцијата во органите на општината ги руши темелните вредности на Уставот на Република Македонија.

Следствено на тоа ве потсетуваме дека кривичните дела не се извршуваат само со сторување туку и со пропуштање.

Имајте го тоа на ум бидејки НИКОЈ НЕ Е ВЕЧЕН!!“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.