30/04/2024
Охрид

Левица: Неуспешното менаџирање на ЈП Водовод ќе резултира со 70% повисоки сметки

Партијата Левица ЛО Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Неспособната локална власт на ДПМНЕ и градоначалникот Кирил Пецаков, на сред економска криза повторно удира по тенкиот буџет на охриѓани.

Откако ЈП „Градски гробишта” Охрид ги покачи цените на гробните места во христијанскиот и во муслиманскиот дел, со што гробните места во Охрид се најскапи во Македонија и покачување на цената за одржување на гробните места, директорот на ЈП ,,Водовод” Охрид и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, поднеле барање до Регулаторна комисија за покачување на цената на водата. Според информацијата водата ќе биде поскапа за 70%, иако оваа одлука не била изгласана од страна на Управниот одбор на ЈП ,,Водовод”, со што најверојатно охриѓани ќе треба да ги финансираат нивните партиски вработувања.

Водата е од суштинско значење за нашиот опстанок и рамнотежата на водата е круцијална за одржување на хомеостаза и токму затоа превработеноста во ЈП „Водовод“ и долговите со вртоглави милионски цифри што се резултат на лошото менеџариње низ децениите наназад не се решаваат со поскапување на водата. Доколку директорите на Јавните претпријатија, како и градоначалникот Пецаков, не се способни да се справат со економската криза тогаш нека си поднесат оставка!

Левица ЛО Охрид апелира дека неспособните и корумпирани политичари мора да превземат одговорност, а не цената секогаш да ја плаќаат само граѓаните на Охрид!“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.


WebOhrid / 01.03.2023 / Левица ЛО Охрид