26/04/2024
Охрид

Забележителни резултати на учениците од ООУ „Живко Чинго“ на општинскиот натпревар по англиски јазик

На општинскиот натпревар по англиски јазик, одржан на 19.03.2022, учениците на ООУ „Живко Чинго“ постигнаа забележителни резултати.

Ученичката од 5 одделение, Јована Буџакоска, под менторство на Јана Бојческа, го освои второто место. 

Ученичката од 7 одделение, Илина Митреска, под менторство на Марија Мицеска, го освои првото место.

Ученичката од 8 одделение, Христина Шибаковска, под менторство на Марија Мицеска го освои третото место.

Овие три ученички се пласираа за регионалниот натпревар, кој ќе се одржи во април. 

Учениците Стефан Бежаноски од 6то одделение и Ангела Китрозоска од 9то одделение, исто така имаа забележителен настап на натпреварот.

„На наградените ученици и ментори, а и на сите учесници им честитаме за успешниот настап на општинскиот натпревар, им благодариме за достојното претставување на нашето училиште и им посакуваме успех и понатаму.“ – велат од ООУ „Живко Чинго“ – Велгошти.


WebOhrid / 19.03.2022 / ООУ „Живко Чинго“ Велгошти