Левица: Новите вработувања во ЈП „Билјанини Извори“ се доказ за широката коалиција меѓу ДПМНЕ и СДС
„До локалниот огранок на политичката партија Левица – Охрид пристигна информација за нови вработувања во Јавното претпријатие ,,Билјанини Извори” за двајца активисти од СДС.
Дали е точно дека обајцата активисти се вработени во сметководство и одржување без соодветно образование и без јавен оглас за вработување, а се вработени по ингеренции на секретарот и градоначалникот на Општина Охрид?
Оттука се поставува дополнително прашање: До кога ќе се крие широката колиција на двете партии кои веќе 30 години не работат во интерес на граѓаните, а работат спротивно законските обврски?
Левица – Охрид апелира да се престане со нови партиски вработувања на нестручни и несоодветни кадри, со оглед на состојбата во која се наоѓаат Јавните претпријатија, превработеност, загуби и сл.“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.
WebOhrid / 11.12.2022 / Левица ЛО Охрид