29/04/2024
Охрид

Левица поднесе иницијатива за изградба на катна гаража

„Ја известуваме јавноста дека членот на Советот на Општина Охрид од Левица – Виолета Аврамоска поднесе Иницијатива за изградба на катна гаража на просторот во близината на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ на улица АСНОМ.

Образложение:

Изградбата на катна гаража во Охрид е неопходна, поради големиот недостиг на паркинг простор во градот. Ако земеме во предвид дека проектот за изградба на катна гаража во Градски пазар е стопиран поради катноста, со што не е во согласност со препораките на УНЕСКО, најпогодно место за изградба на катна гаража би било СРЦ „Билјанини Извори“, улица АСНОМ, каде е предвидена според детално урбанистичкиот план.“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.


WebOhrid / 23.12.2023 / Левица ЛО Охрид