27/04/2024
Охрид

Левица поднесе иницијатива за набавка на противпожарно возило

„Ја известуваме јавноста дека членот на Советот на Општина Охрид од #Левица – Виолета Аврамоска поднесе Иницијатива за набавка на едно противпожарно возило за обновување на возниот парк во ТППЕ – Охрид.

Сметаме дека набавката на противпожарно возило за потребите на ТППЕ е неопходно, заради обновување на возниот парк. Набавката на ново противпожарно возило во голема мерка би ги подобрило интервенциите на ТППЕ, како и условите за работа на вработените.“ – стои во известувањето од Левица ЛО Охрид.


WebOhrid / 22.12.2023 / Левица ЛО Охрид