28/04/2024
Охрид

Левица: Продолжува инфлацијата на давачките – „Колекторски систем“ поскапува

Јавното претпријатие „Колекторски систем“ воведе нов фиксен надомест за одржување на колекторскиот систем преку кој физичките лица ќе доплаќаат 63 денари и правните лица ќе плаќаат 105 денари. Ваков тип на услуга не им беше калкулирана во досегашните фактури на охриѓани.

Локалниот огранок на Политичката партија Левица смета дека со ова поскапување ќе се зголеми товарот на охриѓани на кои од ден на ден се повеќе им е отежнато менаџирањето на сопствениот буџет поради зголемувањето на цените за останатите услуги кои се неопходни за егзистенција. Потсетуваме дека од први јануари и во сметките за струја се воведе нова давачка за пристап до мрежа.

Јавното претпријатие „Колекторски систем“ го презеде Владата на Република Македонија и таа управува и стопанисува со колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, но на овој систем му е потребна темелна реконструкција затоа што поради остварување личен профит на сите досегашни врвови на овој систем, колекторот е пред колапс.


03.02.2024 / Левица ЛО Охрид