29/04/2024
Дебрца

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу „Екотуризам 2016“ и Општина Дебрца за изработка на студија за стратешки развој на екотуризам во општина Дебрца

Денес, на Светскиот ден на водните живеалишта, во Општина Дебрца беше  потпишан  Меморандум за Соработка помеѓу Здружението за екологија и туризам Екотуризам 2016” претставувано од координаторот Ѓоко Зороски и Градоначалникот на Општина Дебрца, за изработка на Студија за стратешки развој на Eкотуризам во Општина Дебрца.

Носител на активностите е Здружението за  екологија и туризам Екотуризам-2016” во соработка со Општина Дебрца, каде во наредниот  период  е предвидено теренско, како и истражување со интервјуа, анкети и консултации и организирање на настани со жителите на општината за навремена и квалитетна изработка на студијата.

Со изработката на Студија за стратешки развој на Eкотуризмот ќе бидат опфатени можностите за развој на екотуризмот како гранка за економски развој во општината како и сите постоечки и можни нови какапцитети кои ќе придонесат за развој на овој вид туризам во општината, а ќе бидат опфатени и нови проекти кои во наредниод период ќе треба да ги спроведува Општината, за забрзан развој на екотуризмот како форма за целокупен развој.


02.02.2024 / Здружение за екологија и туризам „Екотуризам 2016“