26/04/2024
Охрид

Левица: Реалноста наспроти имагинарните факти на СДС Охрид

Партијата Левица – Локален огранок Охрид испрати реакција до медиумите во врска со вчерашната прес-конференција на СДСМ Охрид.

„Госпоѓо Крлеска Деспотоска од СДС на Нашата земја Охрид, ајде малку да ве извадиме надвор од Вашиот свет на изобилство во кој тече мед и млеко и да ви го покажеме сивилото во кое живеат граѓаните после пустошот кој го оставате зад себе во тридецениското расипничко владеење на двете олигархиски партии и третата – ДУИ како декор и на едните и на другите.

Македонија, а секако и Охрид, се опустошени со иселувањето на младите, секако поради неможноста да се остварат како успешни граѓани и успешни стручњаци во областа во која се образувале поради партиските вработувања на вашите неспособни партиски послушници со купени дипломи.

︎ Поради тридецениското расипничко владеење во Охрид, денес имаме презадолжени и превработени ЈП со неефикасна и неспособна администрација. Многумина административци со години не доаѓаат на работа, но важно е дека како крлежи ги трошат парите на граѓаните, по примерот на рамковните.

︎ Презадолжена и превработена општина со корумпирани административци, посебно во секторот за урбанизам.

︎ Урбана мафија и урбан хаос, поради што Охрид е доведен во ситуација да го изгуби статусот Град на УНЕСКО.

︎ Се фалите со минимална плата од 18 000 денари, без да знаете како се живее со таа плата и како вашите спонзори, олигарсите, спроведуваат жестока  експлоатација врз  работниците.

︎ Уништено образование.

︎ Руинирано јавно здравство со што се соочува цела Македонија, а посебно Охрид и охриѓани. Поради тридецениското расипничко владеење на сите влади до сега, поради партиските вработувања, во охридската болница веќе половина година не работи детското одделение, а на прагот на затворање се уште неколку други одделенија.

︎ Секојдневни апели за помош од наши сограѓани за лекување.

︎Секојдневни апели за помош од социјално загрозени семејства, кои не можат ни да се прехранат, ни да обезбедат огрев за своите семејства.

︎ Тоа е резултатот од вашето „успешно“ владеење. Тоа е секојдневието на обичниот човек во општеството кое вашите партии го изградија.

Затоа, престанете веќе да го понижувате народот. Добро знаеме што направивте сите Вие заедно.“ – стои во реакцијата од Левица ЛО Охрид.


WebOhrid / 28.03.2022 / Левица ЛО Охрид