29/04/2024
Охрид

Дванаесет лица не ја почитувале забраната за движење на подрачјето на СВР Охрид

Во текот на изминатото деноноќие (01/02.05.2020 година), за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, 12 лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-6, Струга-3, Кичево-1, Дебар-2). Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 01.05.2020 година во 21.15 часот, Л.Д.(24) од охридското село Косел, пријавила нарушен јавен ред и мир со закани упатени кон неа од М.А.(22) од Охрид. Истиот ден во 22.30 часот, во полициската станица во Струга, А.И.(32) од Поградец, Албанија, пријавил нарушен јавен ред и мир со загрозување на неговата сигурност, извршени од Е.С. и Ј.С. од Поградец и од едно, засега непознато лице. На 01.05.2020 година во 05.45 часот, Б.М(62) од Струмица и В.И.(47) од Скопје, во домот на К.Ш.(72), во струшкото село Вишни, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна караница и тепачка. Истиот ден во 16.30 часот, во струшкото село Лабуништа, С.Б. и Е.Б., од истото село, го нарушиле јавниот ред и мир и физички го нападнале С.Д.(36) од Лабуништа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настаните, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави. Во истиот период, не се евидентирани кражби и сообраќајни незгоди.

На подрачјето на СВР Охрид, моментно, евидентирани се вкупно 86 лица во изолација (Охрид-42, Струга-44). Од страна на полициски службеници извршени се 86 контроли врз овие лица. Вкупниот број на лицата во самоизолација, во моментов изнесува 69 лица (Охрид-39, Струга-18, Кичево-5, Дебар-7). Врз овие лица, извршени се 58 контроли (Охрид-30, Струга-18, Кичево-3, Дебар-7). Полициските службеници извршија 99 контроли на угостителски и други објекти.