Левица: Ужасна состојба во дворот на инфективното одделение во Охрид

„До политичката партија  Левица ЛО Охрид пристигнаа разочарувачки фотографии од градската болница, односно од дворот пред влезната врата на одделот за инфективни заболувања во Охрид.

Системската негрижа и грабеж на јавните средства ги покажа сите свои аномалии за време на ковид кризата, која ја плаќаме со највисока стапка на смртност-токму поради криминалите на сите досегашни власти.

Дополнително, ужасната состојба во која се наоѓа инфективното одделение и напосредната околина, ја отсликува жалната вистина и бедата на капацитети и условите во кои се лекуваат пациентите.

Зошто во дворот на инфективните болници нема канти за фрлање на заштитни маски и ракавици? Дали некој размислува доколку лицето што ја носело заштитната маска било носител на коронавирусот, а дечињата поради љубопитност со рачињата допираат буквално насекаде? Зарем на овој начин ќе се заштити населението од зараза?

Инсистираме правилно да се селектира медицинскиот отпад, бидејки само на тој начин заеднички ќе може да придонесеме за заштита на околината, заштита од овој вирус и ќе допринесеме за поздрави идни генерации.

Во продолжение погледнете ги фотографиите… “ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.

This slideshow requires JavaScript.