19/04/2024
Македонија

Приведени тројца дилери, пронајден кокаин

Денеска (23.12.2020) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во заедничка акција со СВР Тетово на наплатната станица Желино сопреа патничко моторно возило „мерцедес“ со швајцарски регистерски ознаки, во кое биле Х.И,(31) од с. Градец, Гостивар, С.Б (31) од с.Градец и А.Ш. (32) од Гостивар .При извршениот преглед биле пронајдени пакувања со кокаин.Лицата се приведени во СВР Тетово и ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство Тетово.