02/05/2024
Охрид

Лишен од слобода велешанец кој физички нападнал охриѓанка пред казино и и го одзел мобилниот

На 12.02.2024 година во 01:20 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е Б.Р.(41) од Велес, со привремено престојувалиште во Охрид. Тој, се сомничи дека пред казино во Охрид, физички ја нападнал З.М.(49) од Охрид по што и го одзел мобилниот телефон.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 12.02.2024 / СВР Охрид