20/04/2024
ОхридСтруга

Лишен од слобода жител од Радолишта кај кого била пронајдена дрога

На 25.06.2021 во 20.15 часот на ул.,,Ванчо Николески“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.К.(20) од с.Радолишта, струшко, затоа што при преглед во неговото патничко возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки била пронајдена марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.