06/11/2024
Охрид

Лишени од слобода три лица од Велгошти кај кои била пронајдена марихуана

На 06.01.2024 година во 23:10 часот, во охридското село Велгошти, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, ги лишија од слобода С.К.(27), Ј.М.(30) и В.К.(40), сите од селото Велгошти.

При преглед на патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, во кое биле затекнати, пронајдени се и одземени три пакувања со марихуана.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.


WebOhrid / 07.01.2024 / СВР Охрид