30/04/2024
Охрид

Гостин пукал на свадба, повредени татко и син

На 06.08.2023 околу 13:00 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на свадбена веселба во двор на улицата „Петрино“ во Охрид, К.Б.(60) од Охрид, кој бил гостин, испукал неколку куршуми од пиштол „Застава“ калибар 7,62 милиметри.

Притоа, И.С.(39) Охрид и неговиот малолетен син се здобиле со повреди, констатирани во Општа болница во Охрид.

Полициски службеници од СВР Охрид извршија увид, при што од К.Б. одзедоа пиштол „Застава м57“ калибар 7.62 мм, пиштол „ЦЗ 99, карабин „Југословенски маусер“, ловечка пушка „Бајкал“ и  дозвола за оружјето.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 07.08.2023 / СВР Охрид