28/04/2024
Охрид

Повредени четири лица во сообраќајна несреќа на улицата „Железничка“

На 06.08.2023 во 16:30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на улицата „Железничка“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Д.К.(56) од Охрид и патничко возило „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(50) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „фиат пунто“, Ј.Р.(75) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Со телесни повреди се здобиле возачот А.Р. и уште двајца негови сопатници, Г.Р.(45) и малолетник, двајцата од Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.


WebOhrid / 07.08.2023 / СВР Охрид