Лишено од слобода лице од Турција со фалсификувана патна исправа на „Ќафасан“
Денеска (29.03.2024) во 01:00 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода Т.С.Т.(48) од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа.
Известен бил Јавен обвинител, а тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.
WebOhrid / 29.03.2024 / СВР Охрид