22/06/2024
Охрид

Литургија по повод празникот Вознесение Христово – Спасовден

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 17 мај 2018 година (четврток), во манастирот „Вознесение Христово – Свети Спас“ – горно Лакочереј Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Вознесение на Господ Исус Христос – Спасовден“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Богослужба ќе има во сите парохиски цркви.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.