24/04/2024
Охрид

Филмот „Ефектот на среќа“ на кино репертоарот во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид

Македонскиот филм „Ефектот на среќа“ во режија на Борјан Зафировски следните три дена ќе биде на кино репертоарот во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид.

„Ефектот на среќа“ е урбана драма за универзалната потрага по среќата.

Кино проекции во среда (03.11.2021), четврток (04.11.2021) и петок (05.11.2021) година, почеток 19:00 часот.

Оригинален наслов: The Happiness Effect

Почеток на филмот: 03-05.11.2021

Земја / година: MKD/2020

Жанр: Драма

Глумци:Дејана Попоска, Сашко Коцев, Ана Стојановска, Сара Анастасовска, Петре Арсовски, Мими Таневска, Јовица Михајловски

Режија:Борјан Зафировски

Картите по цена од 100 денари ќе бидат пуштени во продажба на билетарата при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!

За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:

-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19

-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.