29/03/2024
МакедонијаРегион/Свет

Петнаесеттиот годишен работен состанок на Министрите за земјоделство од Југоисточна Европа ќе се одржи во Тирана

Министерството за земјоделство и рурален развој на Република Албанија и Постојаната работна група за регионален рурален развој (СВГ) во Југоисточна Европа ќе бидат домаќини на Петнаесеттиот годишен работен состанок на Министрите за земјоделство од Југоисточна Европа.

Петнаесеттиот годишен работен состанок на Министрите за земјоделство од Југоисточна Европа ќе се одржи на 17-ти ноември, 2021-ва година, во Тирана, Албанија.

Министрите за земјоделство од Југоисточна Европа (ЈИЕ) и шефовите на делегациите ќе се соберат во Тирана за да разговараат за идниот развој во секторот за земјоделство и рурален развој во регионот на ЈИЕ и да го разгледаат процесот на регионална соработка во истиот сектор. Во рамките на министерскиот состанокот во Тирана, Албанија ќе се разговара и за значењето на процесот на интеграција во Европската унија (ЕУ) на земјите/териториите од Западен Балкан како фактор за напредокот во земјоделството и руралниот развој.

Оваа година во ноември, албанското Министерство за земјоделство и рурален развој го презема претседателствувањето со Собранието на СВГ за следната годината и се стреми кон регионална соработка и интеграција во областа на земјоделството и руралниот развој на целиот регион на Западен Балкан.