Литургија за празникот Св. мч-чки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 30. Септември 2019 година (понеделник), во катедралната црква „Света Софија“ – Охрид, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија“. На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ – Охрид (едноцрквие).

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на присуство и заедничко прославување на овој празник.