26/04/2024
Охрид

Магла во Охрид, видливоста намалена до 50м

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Поради појава на магла видливоста е намалена до 50м во Охрид.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.  

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.