25/04/2024
Спорт

Македонија на 64 место на најновата ФИФА рејтинг листа

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од 2 места на најновата ФИФА рејтинг листа. Македонија моментално се наоѓа на 64 место, две места подолу во однос на мартовскиот рејтинг.

Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде се наоѓаат Бразил и Белгија, додека пак Аргентина се искачи на третото место.

Најголем скок минатиот месец забележа репрезентацијата на Казахстан со +11 места се искачи на 114 место, додека пак најголем пад забележаа репрезентациите на Египет и Непал од -8 места, кои се најдоа на 40 место (Египет) и 176 место (Непал).


WebOhrid / 23.06.2022