Македонија остана на 68 место на најновата ФИФА рејтинг листа

И покрај двете победи, против Лихтенштајн во гости со 2:0 и против Гибралтар на домашен терен со 4:0, Македонија остана на 68 место на најновата ФИФА рејтинг листата.

На врвот од ФИФА рејтинг листата останува Белгија, пред Франција и Бразил.

Најголем скок минатиот месец забележа репрезентацијата на Судан со +8 места се искачи на 127 место, додека пак најголем пад забележаа репрезентациите на Русија -7 места која се најде на 48 место и репрезентацијата на Бенин -7 места, која се најде на 94 место.

WebOhrid