Македонија останува на 76 место на ФИФА рејтинг листата

Македонската фудбалска репрезентација оваа 2017 година ја завршува на 76 место според ФИФА рејтинг листата. По минатомесечниот скок од +9 места, овој месец нашата репрезентација остана на истото место.

Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде останува водечката тројка Германија, Бразил и Португалија.

Најголем скок минатиот месец забележа репрезентацијата на Вануату со +28 места се искачи на 157 место, додека пак најголем пад забележа репрезентацијата на Никарагва од -13 места која се најде на 119 место.

WebOhrid