05/03/2024
Спорт

Македонската репрезентација на 65 место на најновата ФИФА рејтинг листа

По победата над Косово со 2:1 во баражот за пласман во финалето од квалификациите за ЕУРО 2020, како и нерешените дуели во групата 3 од Лигата на нации против Естонија 3:3 и Грузија 1:1 репрезентацијата на Северна Македонија забележа скок од 1 место и моментално се наоѓа на 65 место на најновата ФИФА рејтинг листа.

Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде се наоѓа водечката тројка Белгија, Франција и Бразил.

Најголем скок минатиот месец забележа репрезентацијата на Малта со +6 места која се искачи на 180 место, додека пак најголем пад забележа репрезентацијата на Романија со -10 места, која се најде на 44 место.

WebOhrid