27/04/2024
Спорт

Македонската репрезентација на 66 место на најновата ФИФА рејтинг листа

По последно одиграните натпревари, нерешениот исход 1:1 против Италија во Скопје, како и победата од 0:2 на гостувањето против Малта, репрезентацијата на Северна Македонија забележа скок од +2 места и се искачи на 66 место на најновата ФИФА рејтинг листа.

Од нашата квалификациона група за Европско првенство, Англија се наоѓа на 4 место, Италија на 9, Украина 24 и Малта на 171 место.

Наредниот натпревар, нашата репрезентација ќе го игра на 14 октомври против Украина, на неутрален терен во Прага, Чешка. 

На врвот од ФИФА рејтинг листата останува водечката тројка Аргентина, Франција и Бразил.


WebOhrid / 21.09.2023