Македонските ракометари изборија учество на СП 2025
Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија со херојска победа над селекцијата на Фарските острови во бараж реваншот од 34:26 во преполната сала Борис Трајковски обезбеди деветто учество на Светските првенства.
Ракометарите ја неутрализираа негативата од првиот меч од 7 голови од гостувањето кај Фарските острови и извојуваа уште една историска победа во еден бараж двомеч со кој го продолжуваме континуитетот на учества на големите натпреварувања. Македонија во јануари во 2025 ќе биде дел од СП во Хрватска, Данска и Норвешка.
По првото полувреме Македонија водеше со 19:15, а во 37. минута ги имаше посакуваните +7.
Жарко Пешевски со осум погодоци беше најефикасен во победничкиот состав. Се истакнаа Филип Кузмановски со седум, Марко Митев со шест и Мартин Серафимов со пет погодоци.