27/04/2024
Охрид

Марија Ѓиноска од ООУ „Живко Чинго“ најдобра на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“

Ученичката Марија Ѓиноска од деветто одделение од ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти го освои првото место на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ за оваа 2021 година. Нејзин ментор е наставничката Снежана Стојаноска.

Ѓиноска ќе го претставува Охрид на Државниот натпревар „Млади библиотекари“ кој беше закажан за декември годинава, но поради Ковид пандемијата одложен е за мај, 2022. Домаќин ќе биде Охрид, поточно нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“.

На општинскиот натпревар се натпреваруваа вкупно осум ученици подготвени од менторите од: ООУ „Св. Наум Охридски“, ООУ „Христо Узунов“, ООУ „Григор Прличев“, ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец  и ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти.

Организатор на Државниот натпревар „Млади библиотекари“ ќе биде Библиотечното здружение на Македонија.