09/11/2024
Охрид

Марјан Ристески е поставен за в.д. директор на ЈП „Водовод“ Охрид

Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков, за вршител на должноста директор на ЈП „Водовод“ Охрид  е поставен Марјан  Ристески.

Ристески е дипломиран менаџер по царина и шпедиција. Има долгогодишно менаџерско искуство најпрво во приватниот, а подоцна и во јавниот сектор. Како директор на Државниот  студентски дом „Никола Карев“ успеал од институција којашто била во  згаснување да создаде стабилна и успешна установа.


ВебОхрид / 02.02.2022 / Општина Охрид