21/06/2024
ОхридСтруга

Бесплатно предавање „Превенција и рана дијагностика на Алцхајмерова болест/деменција“ во Охрид и Струга

На 3ти февруари (сабота) во 11:30 во Струга и во 14:00 во Охрид ќе се одржи бесплатно Предавање „Превенција и рана дијагностика на Алцхајмерова болест/деменција“. Предавач е д-р Драган Илиевски – претседател на Здружението за Алцхајмерова болест – Македонија. 

Наменето е за сите граѓани од Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца над 60 години и нивните фамилии. На самото предавање ќе се објасни како да се препознаат симптомите на болеста и на кои се начини може да се забави процесот на заболување.

Местата се ограничени, доколку сакате да учествувате на предавањето јавете се на 077 855 155 (за Охрид) и 077 817 432 (за Струга).

Според најновите истражувања, ризикот за тоа кој ќе заболи од Алцхајмеровата болест/деменција може да се предвиди уште пред 10-20 години пред клиничката манифестација на болеста.

Според најновите извештаи на Светската здравствена организација, Алцхајмеровата болест (деменција) претставува сѐ поголем глобален здравствен, медицински, социјален и легислативно-правен проблем во целиот свет. Таа е една од водечките болести во светот со околу 27 милиони заболени луѓе, а до 2050 година се предвидува дека тој број ќе се зголеми до 50 милиони заболени од оваа засега фатално заболување на мозочното ткиво.

Во текот на март и април ќе се организираат викенд работилници за здраво готвење, и јога часови за витално стареење. Бидејќи местата се ограничени, доколку сакате да учествувате, ќе треба да се пријавете на дадените телефони.

Оваа активност е дел од под-проектот „И старите можат“ кој е спроведуван од Локалната агенција за развој до Струга која е членка на Мрежата Инклузива М за социјална инклузија на старите лицата од трета доба во Република Македонија од 2016 година. Под-проектот се спроведува во рамки на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица” поддржан од од Европската унија, со финансиска поддршка на Австриската агенција за развој и Австрискиот црвен крст, кој Црвениот крст на РМ во Македонија го спроведува во заедничко партнерство со здружението Хуманост.