27/04/2024
Спорт

Меѓународен кошаркарски турнир „20 години КК Колибри“

Кошаркарскиот клуб „Колибри“ Охрид по повод 20 годишниот јубилеј организира Меѓународен кошаркарски турнир „20 години КК Колибри“. На турнирот, кој ќе се одржи од 19 до 22 јуни во хотел Десарет, учество ќе земат екипи во машка и женска конкуренција У 12 и У 14: ЖКУ Златар – Нова Варош – Р.Србија, Елите Баскет – Тирана, Про Баскет Јуниор – Охрид, КК МЗТ- Скопје, КК Декса – Прилеп, КК Пробаскет – Делчево и домаќинот КК „Колибри“.

„Со овој турнир отпочнуваме нова спортска традиција која во иднина ќе се стремиме да постане традиционална. Нашата цел е да  ја збогатиме прославата на нашиот јубилеј „20 години КК Колибри“ на спортски начин. Доделувањето на наградите и одбележувањето на јубилејот ќе се одржи во х. Десарет од 21 часот. Со ова започнуваме нова летна спортска приказна во Охрид, која ќе биде императив на едно место да собере повеќе од 200 среќни и исполнети дечиња.

Свечената прослава за сите наши членови, родители, поджувачи и спортски работници, по повод јубилејот ќе се одржи четврток со почеток од 18 часот во спортската сала  „Билјанини Извори“. 

Ќе ни биде чест доколку заедно со Вас ги одбележиме успесите на клубот и ја продолжиме успешната приказна која е расадник на кошаркарски таленти – играчи на локално, државно и светско ниво.“ – информираат од КК Колибри.


WebOhrid / 18.06.2023 / КК Колибри