29/04/2024
Македонија

Меѓународна балканска изложба „Мост“

Вечерва во 19 часот во Културно-информативниот центар во Скопје, бошњачката културна заедница во Република Македонија ја организира петтата меѓународна балканска изложба „Мост“. На изложбата ќе се претстават автори – сликари од Турција и од Македонија.

Промотори на нивните дела ќе бидат Фехим Хусковиќ од Факултетот за ликовни уметности во Скопје и професорот по историја на уметност Џемил Бектовиќ од Интернационалниот балкански универзитет.