26/04/2024
Охрид

„Метод“ од Жорди Галсеран во петок премиерно во Центарот за култура во Охрид

Најпоставуваниот современ шпански текст во Регионот, за првпат преведен и поставен во Македонија. “Метод” (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран, во петок (23ти ноември) премиерно на репертоарот на Народен Театар Охрид. Почетокот на претставата е во 20:00 часот, a цената на билетот чини 200 денари.

Истата е во режија: на Ирена Стеријовска. Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска, Јаков Спасов.

„Претставата зборува за последносто интервју на финалните четири кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на “големата слика” и го поставува прашањето колку голема е всушност “големата слика”? Преку интензивните трилер ситуации се игра со публиката и она што таа мисли дека го знае, исто како што дејствието си игра со ликовите и она што тие мислат дека го знаат. Така се создава еден модерен психолошки трилер со интензитет и темпо што ја вовлекува публиката толку активно да ги прати заплетите што и самата станува петтиот лик во оваа пиеса.“ – вели Ирена Стеријовска.