21/05/2024
Охрид

Милошевски: Ќе работам напорно за Охрид и охриѓани

Интегрален текст од изјава за медиуми на Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид

Почитувани,

Како кандидат за градоначалник и иден градоначалник, врвен приоритет ќе биде туризмот, поради тоа што иако туризмот за жал да речам последните години се направија многу стратегии за развој но сите тие стратегии не беа сеопфатни.

Ние сме свесни за тоа, ние ги разгледавме сите тие проблеми кои што ги има туризмот и сме цврсто решени конечно да направиме една сеопфатна повеќе годишна стратегија. Која ќе биде изготвена од врвни стручњаци, односно од факултетот за туризам и угостителство, каде што постојат навистина луѓе способни и спремни. И таа стратегија до детали да ја обработат и Охрид да го спремат навистина за 21 век.

Сите оние програми ние кои што ги имаме во нашата изборна кампања уствари има таква цел. Локалното уредување на градот, комуналната хигиена, чистотата се огледало на овој град. Изградбата на многу проекти кои постапно ќе ги објавуваме во нашите прес конференции уствари се сите во функција на ова.

Нашите туристички работници за жал преживуваат тешки моменти, нивната состојба не е ни малку добра, тие се гушат долгови, тие се гушат камати иако навидум имаат хотели, имаат кафани тоа не е ни одалеку така како што изгледа.

Ние мораме и како локална самоуправа, понатака и како власт и како влада максимално да им помогнеме, и тие си заработуваат за својот живот и од друга страна да вратат во нашиот град, во нашата држава.