27/04/2024
Македонија

Министерката Шекеринска положи венец на гробот на непознатиот војник на Националните гробишта „Арлингтон“

Mинистерката Шекеринска официјалната посета на САД ја заокружи со полагање на венец на Гробот на непознатиот војник на Националните воени гробишта „Арлингтон“.

Шекеринска го посети и Меморијалниот центар на националните гробишта „Арлингтон“, каде подари плакета во чест на загинатите американски војници.

Во текот на официјалната посета на САД, беше потврдено стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Шекеринска се сретна со американскиот колега Матис кој ја реафирмираше американската поддршка за членството на Македонија во НАТО, а имаше и средби со високи официјални претставници на Белата куќа, Стејт Департментот, Конгресот и Сенатот.