26/04/2024
Македонија

МИОА и УПОЗ започнуваат подготовка на грански колективни договори

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, присуствуваше на седницата на Синдикатот на УПОЗ, каде ги претстави активностите на МИОА во делот на реформата во јавната администрација.

Министерот Манчевски во соработка со УПОЗ, најави формирање на работна група за изготвување на грански колективен договор за вработените во органите на државната управа.

„На овој начин се оди чекор напред во заштита на правата на овие вработени. Со гранските колективни договори подетално и појасно ќе се уредуваат правата и обврските кои произлегуваат од работниот однос. Целта е работниците се вклучуваат дирено во работниот процес со цел да се зголеми свеста за нивните права, но и продуктивност. Тоа значи дека вработените ќе имаат целосни и јасни информации за сите процеси што произлегуваат од нивниот работен ангажман, правилата за користење на одмор, слободни денови, обврската на работодавачот да обезбеди стручно оспособување и соодветни обуки итн…“, истакна министерот Манчевски.

На седницата се отвори и прашањето за спогодбата за степенот на кариера. Во тек активности во насока степенот на кариера да биде испратен на сите административни службеници кои исполнуваат услови за тоа, а веќе започнатите судски постапки да се завршат со судско порамнувања или спогодба. На тој начин вработените ќе го добијат финансискиот додаток, што противзаконски им бил оневозможен и ќе се спречи понатамошното оштетување на Буџетот на РМ.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски и останатите членови присутни на седницата ги поздрави ја заложбите на МИОА и отвореноста на министерот Манчевски за соработка и вклучување на УПОЗ при носењето на одлуки кои ги засегаат вработените во јавната администрација.