22/04/2024
Македонија

Мониторинг на дискурсот на претседателските кандидати како фактор за градење позитивен мир

Како се користи реториката од различни партиски припадници/приврзаници и членови, а особено од претседателските кандидати во корелација со градење на позитивен мир?

Истражувањето има за цел да мониторира политички дискурс, лексика и елементи на реторика, кои индиректно влијаат на развојот на позитивниот мир во државата.

Позитивниот мир се воспоставува и регулира само преку демократски процеси на спроведување на политиките. Сите политичари треба да бидат одговорни доколку нивната реторика покажува или повикува на конфликт, бидејќи конфликтот сам по себе имплицра предизвикување страв и заплашување, а не почитување на човековите права и демократија.

Забележано е дека сите тројца кандидати уште во самиот почеток на кампањата изразија силно убедување во своите намери, како и елаборативно изнесување на причините заради кои се вклучиле во оваа кампања. Ова беше земено предвид како позитивна конотација на самите кандидати, бидејќи јасно ја изрази нивната лична и професионална заднина и влог во изборите. Во понатамошниот дел од кампањата, (вклучително забележана и во Изборните програми, особено во делот на ЈАС – референцата) значително се промени. Изјавите и гостувањата на лидерите на политичките партии по разни дебатни емисии, интервјуа, го намали факторот на убедување и искреноста во позициите кои беа изјавени и поставени од почеток, особено забележливо кај Гордана Силјановска Давкова.

На Блерим Река – лексички би можеле да му замериме што користи израз кој задира во уставната поставеност на државата, која семантички би можела да влијае на индексот на позитивен мир во државата. Имено, изјавата, која дури е и на почетокот на самиот текст, и е водечка сентенца, би требало да се преформулира за да не создава забуни, дилеми и/или стравување за можни конфликтни ситуации: „Македонија е држава, но не и Република“. Иако има обид да ја дообразложи подолу во текстот, сепак останува голема загриженост, бидејќи се осврнува само на одреден период во независното постоење на државата, како и термините: „враќање на републикански статус“ и „деперсонализација на државата“.

За разлика од претходните кандидати, лексиката на Стево Пендаровски изобилува и ја пренагласува употребата на зборот „шанса“, „солидарност“, „реформи“, што имплицира позитивна конотоација. Нејасно останува значењето на параграфот кој се однесува на актуелниот претседател, г. Иванов, бидејќи не имплицира нови и непознати информации, туку напротив означува навраќање наназад, што во содржинска смисла не му е тука местото. Истата забелешка ја имаат истражувачите и во делот на повикување кон минатото, како во примерот даден кај кандидатот бр. 2.

 Еден од најеклатантните примери е промената на ставот и позициите во однос на Преспанскиот договор. Прашањето за добрососедските односи, како еден од факторите за градење мир, потоа економските процеси и прашања за развој, се јасни показатели за нивото на демократија, мерено преку политиките и политичката јазична политика што се користи како индикатор за градење на позитивниот мир во земјат, па и во регионот.

Графикон 1: Тренд на индексот на позитивен мир во Република Северна Македонија

Извор на податоци: http://economicsandpeace.org http://visionofhumanity.org

Развиено од: Импетус

            На графиконот 1 е прикажан трендот на позитивниот мир во Република Северна Македонија во периодот 2015-2018 година. Во 2015 година е достигнат максимумот на овој индекс, а во последните две анализирани години (2017 и 2018) е достигнат минимумот на овој индекс. Просекот на овој индекс за анализираниот период е 2.8145. Од податоците се констатира постојан пад на вредноста на овој индекс. На овие вредносни судови влијаат политичките и општествените случувања, како во земјата така и во соседството.

Со самиот факт што 2017 и 2018 година беа годините кога беше промената на власта, како и низа реформски процеси кои уште траат, потоа промената на името на државата, незавршени судски процеси, итн. очекуван е и очигледен падот на индексот на позитивниот мир. На сите овие фактори влијаат и наративите кои се користат од страна на партиите, медиумите, изјавите и пораките кои се праќаат, со што во одредени ситуации и контексти се доведува под прашање стабилноста на одредени процеси. Па така, доколку треба да зборуваме за развој во некои од наброените фактори обврзани сме да ги нотираме и дискурсите во кои се води одредена политика, особено пак кога се работи за реторика на кандидати за претседател на државата.

           Како и на кој начин претседателските кандидати зборуваа за овие теми во јавноста?! Веќе видовме дека темите на добро владеење, право, економија, итн. ги адресираа во своите програми, но не останаа конзистентно посветени на дискурсот во програмата, ами менуваа ставови и позиции во јавните настапи или пак во директните настапи на партиските лидери, со што го намалуваше и кредибилитетот на кандидатската реторика.

           Јазикот на политиката мора да одразува развојни процеси, позитивна лексика и во случаи кога нотира предизвици. Мора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми од индексот на градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме. Само на тој начин се постигнува политички и изборен кредибилитет.

ИМПЕТУС – Центар за интернет, развој и добро управување

www.impetus.mk

Целосниот Прелиминарен извештај – прва фаза може да го погледнете тука: Мониторинг на дискурсот на претседателските кандидати како фактор за градење ПОЗИТИВЕН МИР