24/04/2024
Македонија

МВР: 44 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се 31 лице

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (14/15.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава  44 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 31 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 110 лица им се издадени решенија за изолација, а 129 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.