06/12/2024
Охрид

Граѓаните кои чуваат куче надвор од својот дом прецизно да го наведат времето и местото за дохрана во нивните барања

СВР Охрид ги информира граѓаните кои доставуваат барање за дозвола за движење за време на полициски час посебно за време на викенд, поради потреба од дохрана на кучиња кои ги чуваат на друг имот и надвор од својот дом, дека тоа можат да го направат во времето од 08 до 09 часот наутро или од 17 до 18 часот попладне.

Потребно е во нивните барања точно и прецизно да го наведат местото и времето во кое ќе сакаат да го остварат ова право.