28/04/2024
Охрид

На 15 јули ќе се изврши преосветување на манастирскиот храм Пресвета Богородица – Заумска

Македонската православна црква – Охридска архиепископија односно Дебарско – кичевската епархија Охрид, ги известува своите православни верници дека на ден 15. Јули 2023 година (сабота), ќе се изврши преосветување на манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“ – Заум – Трпејца.

  • 8:00 утрена богослужба
  • 9:00 преосветување на манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“
  • 10:00 Света Архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски, Плаошко-струшки и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј во сослужение на Митрополитот Европски г.Пимен.

Исто така, од Дебарско – кичевската епархија Охрид известуваат дека има организиран превоз од селото Трпејца и со бродот „Александрија 2“ од градското пристаниште. Билети по симболична цена од 200 денари ќе можат да се набават петок после 17:00 на градско пристаниште, а во сабота бродот тргнува во 07:00.


WebOhrid / 11.07.2023 /  Дебарско – кичевска епархија Охрид