22/04/2024
Охрид

На 3ти јуни во Охрид ќе се одржи хуманитарен концерт за помош на Мила Димоска

На 3ти јуни, 2019 (понеделник) со почеток во 21 часот, на плажата Куба Либре ќе се одржи голем хуманитарен концерт насловен како „од Срце за мила“ за помош на Мила Димоска од Охрид.

На концертот ќе настапуваат следниве изведувачи: Ѓоко Танески, Дамјан Пејчиновски, Петар Марковски,Јова Куцин и The Backdoor Band.

Мила Димоска од Охрид има 2 години и боледува од дистрофија (оштетување на мозокот).

По две успешни операции во Кина потребна е и трета операција што е можно поскоро за нејзиниот напредок да продолжи.

Бидејќи интервенцијата е скапа, а треба да се реализира во што поскоро време, Ве замолуваме за помош сега кога тоа ни е најпотребно.

Да и овозможиме на Мила со ваша помош среќно и безгрижно детство.

Семејството на Мила Ви се заблагодарува за Вашата помош и поддршка!

ДОНАЦИСКА СМЕТКА

МИЛА ДИМОСКА
530500021204351
ОХРИДСКА БАНКА АД – ОХРИД
ЕМБГ: 2112016455202

ЗА ДОНАЦИИ ОД СТРАНСТВО

MILA DIMOSKA
Str. Bogomilska 53, 6000 Ohrid, Macedonia
OHRIDSKA BANKA A.D – SKOPJE
IBAN CODE: MK07530280005506949
SWIFT: OHRIDMK22
ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ЗА ДОНАЦИЈА
VIP – 143 123 TMOBILE – 070 143 143